недела, 29 ноември 2026
Најново

Вашингтон ѝ предлага на Европа: Продолжете да купувате гас од Русија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европски претставници со негативни реакции на предлогот на американската администрација дека обновување на извозот на руски гас би можело да стане дел од мировниот договор за војната во Украина, пренесува ишува „Њујорк Тајјмс“, повикувајќи се на извори.

Клучниот елемент од планот на Трамп за воспоставување на мир во Украина е предлогот со кој би можел кардинално да се промени долгогодишната енергетска политика, објави весникот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Специјалните пратеници на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер наводно разговарале за иницијативата со украински и европски претставници за време на нивната посета на Киев во септември.

Тие ѝ предложиле на Украина да ја разгледа можноста за обновување на функционалноста на цевководите со кои во минатото се транспортираше руски гас во Европа, потег со кој Вашингтон се надева дека би можел да претставува поттик за Москва да се согласи за прекинување на војната. Како „лесна цел“ се гледа и на повторно активирање на подводниот гасовод „Северен тек“ во случај на мировен договор, се наведува во текстот.

Поврзани вести