Сигурно го знаете она „Ако седи повеќе од три дена веќе не е гостин“. Сега е вистинско време таа изрека да почнете да ја сметате за правилна.
Имено, психолозите докажале дека секоја посета во вашиот дом, која трае повеќе од три дена, многу лесно може да го наруши мирот и хармонијата на вашиот однос, физички и ментално да ве исцрпи и исто така да ве наведе да се скарате за работи за кои претходно одлично сте се согласувале и договарале.
Иако ова можеби ви изгледа како ситуација која е невозможно да се избегне, не можете да замислите начин на кој би им дале до знаење на гостите дека не се добредојдени на повеќе од три дена, сепак се работи за одржување на здрав брачен однос.
За вие и вашиот сопруг да не бидете исфрустрирани, бидејќи ќе мора една недела да се движите потполно одвоени во сопствениот дом или затоа што мора да чистите и готвите двојно повеќе, обидете се да пронајдете начин како да им кажете на гостите за новото правило, а притоа да не ги навредите.
Веруваме дека повеќето од нив ќе имаат разбирање и нема да се налутат, а единствено што можете да очекувате за возврат е еднаков третман, што е сосема праведно.