Гордана Шаулиќ, сопругата на починатиот пејач Шабан Шаулиќ има долгови за нереализираните настапи на пејачот.
Сопругата, која воедно е и менаџерка на фолк-ѕвездата, однапред договарала настапи на пејачот и затоа мора сега да врати 235.000 евра.
Според српските медиуми, пејачот имал закажани настапи во Србија и во други земји до крајот на годинава. Таа земала по 50 проценти однапред од секој договорен настап на Шабан, а за некои настапи земала и цел износ.
Цената од еден настап се движела од 10.000 до 30.000 евра, а во некои случаи и по 50.000 евра од настап во клуб, дискотека или на приватна забава.
Гордана, како што наведуваат медиумите, откако ќе заврши погребот, ќе стапи во контакт со сите на кои им зела однапред пари, за да ги подмири сметките.