И покрај сите притисоци за кои денеска објави Фејсбук страницата „Мое Вевчани“, жителите на Вевчани вечерва се собраа и оддадоа почит за жртвите во трагедијата во Кочани.

Во трагедијата во Кочани загинаа 59 лица, над 150 се повредени. Дел од повредените лица се лекуваат во странство.
Погребот на жртвите ќе се изврши утре, во 11.00 часот на градските гробошта во Штип, во 12.00 часот на градските гробишта во Кочани, во 13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.
Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.
МВР забрани летање на дронови над локациите каде ќе има погреби.