Се што ви треба се два компири, кромид, зачини, брашно и 15 минути.
Состојки: 500 гр компири, 70 гр кромид, сол, бибер, 90 гр брашно, масло.
Подготовка: Исчистениот и измиен зеленчук изрендајте го. Додадете сол и бибер, добро измешајте, па додадете го брашното и повторно добро измешајте. Со рацете формирајте плескавици. Оваа доза прави шест парчиња. Пржете на врело масло околу пет минути од едната и пет минути од другата страна, додека не поруменат.