Ведро и студено со слаб ветер

Утрово најстудено беше во Битола со -18 степени, -12 се измерени во Скопје-Петровец, Лазарополе, Тетово и Берово, -11 Прилеп, -10 Струмица, -9 Демир Капија, -8 Штип и Куманово, -7 Скопје-Зајчев Рид, -6 Крива Паланка, Охрид и Претор, -3 Гевгелија и во Дојран 0 степени Целзиусови.
Во текот на денот се очекува максималната температура да се движи од -1 до 9 степени над нулата.
Најмногу снег има во Маврово 57 сантиметри, 37 Лазарополе, 32 Тополчани, 27 Битола, 26 Охрид, 19 Тетово, Претор, 12 Прилеп, 8 Струмица, 7 Берово и Крива Паланка, 6 Демир Капија, 5 Штип и 4 сантиметри во Виница.
Претпладнево во земјава е ведро и студено, наместа со појава на умерена облачност. Дува слаб западен ветер. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец
И во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.