Кога ќе изедете премногу овошје, Вие правите нешто многу добро за своето здравје. Но, верувајте некои видови на овошја имаат и своја мрачна страна.
Одреден тип на овошја ферментираат во цревата и поради тоа се создаваат гасови, а Вашиот стомак станува подуен. Овошјето содржи многу фруктоза, овошен шеќер и шеќерен алхохол, коишто создаваат притисок во дигестивниот систем.
Проверете како ќе се чувствувате откако ќе изедете нешто од овие неколку видови на овошје. Доколку почувствувате подуеност, заменете ги со некој друг вид на овошје или намалете ја количината од овие овошја кога ги консумирате.
1. Јаболки
Кој би рекол? Сепак ова прездраво овошје е полно со фруктоза и поради тоа некои луѓе може да имаат проблем со подуеност. Ист ефект има и сокот од јаболка. Обидете се некое време да ги исфрлите од исхраната. На тој начин ќе можете да забележите дали Вашиот стомак се смалил. Доколку забележите промена, во иднина консумирајте само неколку кришки.
2. Цреши
При консумирањето на ова овошје исто така огранизмот може да има проблем со подуеност, а причинител е повторно фруктозата. Исто така самата кожа од ова овошје може да биде тешка за варење.
3. Авокадо
Замислете дури и авокадото може да ви предизвика подуеност. Авокадото во себе содржи големи количини од алхохолот Полиол и поради тоа тешко се вари, па така има повеќе време за ферментација во дигестигвниот систем. Доколку сте навикнале на тоа да внесувате маснотии преку авокадото, а истовремено постојано чувствувате подуеност, заменете го понекогаш со јајца и проверете дали подуеноста е смалена.