Тоа што седите дома не значи дека треба да го запоставите сопственото тело. Можете да ја искористите изолација за конечно да го обликувате своето тело. Овие вежби ќе ви помогнат да согорите многу калории и да го обликувате целото тело за само петнаесет минути, два до три пати неделно.
1. Огнен стол
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Ако мислевте дека една минута е многу кратко време, тогаш сигурно не сте ја направиле оваа вежба. Една минута на оваа замислена столица трае цела вечност, па почетниците треба да пробаат прво со 30 секунди. Самото име на вежбата укажува на чувството што ќе го имате во бутовите додека ја изведувате, но ќе го занемарите веднаш штом ќе ги видите резултатите. Иако е статична, со оваа вежба можете да согорите многу калории.
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Потпрете се со грбот на ѕидот, замислете дека седите на стол и стојте така 30 секунди до 1 минута. Напредна опција: обидете се да се држите на едната нога, а потоа на другата нога околу 15-30 секунди.
2. Туркање на ѕидот
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Оваа вежба можете слободно да ја наречете убиец на калории. Туркањето на ѕидот го активира секој мускул во телото и оваа вежба е одлична за дефинирање на мускулите на рацете и за подобрување на целокупната кондиција.
Потпрете се со рацете на ѕидот и туркајте колку што можете посилно. Почетниците околу 20-30 секунди, останатите 45 секунди.
3. Мост
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Ако седите на работното место, оваа вежба ви е најпотребна. Сигурно сте ја правеле со стапалата на подот, но со нозете на ѕидот активирате повеќе мускули. Кога ќе го притиснете ѕидот со нозете, ќе го активирате и задниот дел. Ако седите премногу долго, оваа вежба ќе ги ревитализира мускулите на задникот.
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Легнете на грб, потпрете ги нозете на ѕидот и подигнете ги колковите за да ја направите положбата мост. Останете во таа положба 2-3 секунди, вратете се на подот и повторете 10-15 пати.
4. Стомачни вежби со ѕидот
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
На овој начин, ќе ги зајакнете стомачните мускули уште повеќе. За да ја направите оваа вежба колку што е можно поефикасно, допрете го подот со рацете додека сте во почетната позиција и допрете го ѕидот со рацете кога ќе го правите завршното движење. Направете 10-15 повторувања.
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
5. Планк со ѕидот
Вежбајте дома: Направете тренинг со ѕидот
Ако се прашувате дали постои вежба која истовремено ги активира сите мускули на телото, оваа вежба е токму таа. Планк е вежба од која ќе ви горат стомачните мускули, а кога ќе се потпрете со едната рака на ѕидот, ќе почувствувате дека ви горат и страничните мускули.
Заземете висока положба планк, истегнете ја едната рака, а потоа другата рака и допрете го ѕидот. Направете 10-20 повторувања наизменично, во зависност од моменталното ниво на издржливост. Повторете ја вежбата 3-4 пати, а во меѓувреме правете пауза од 1 до 2 минути.