Активноста е важна за да останете здрави додека сте во изолација. Телото мора да се раздвижи, да биде активно за да се задржи силата и флексибилноста, особено ако работите од дома. Тогаш е од голема важност да се вежба бидејќи тоа може да ги поправи последиците од повеќечасовното работење пред компјутер.
Докторката и остеопат Фиона Хупер препорачува вежби кои го активираат целото тело бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата на крвта, ги будат мускулите и го подигнуваат нивото на ендорфин. Затоа таа осмисли тренинг кој се состои од неколку вежби кои можеби ви се добро познати, а може да ги направите додека сте на кратка пауза од работата и обврските.
За порталот Body & Soul таа советува секоја вежба да се повтори десет пати.