Машината за перење облека веќе не работи по пет години, телевизорот по две, а слично е и со другите електрични и електронички производи, како што се мобилните телефони или компјутерите, па потрошувачите се прашуваат дали денешните современи производи имаат покус век на траење од поранешните.
Ова се прашањата што се поставени во напис на парискиот дневен весник Le Monde чии автори одговорот го наоѓаат во извештајот на Европскиот потрошувачки центар (CEC), и тврдат дека денес се произведуваат намерно лоши производи за да бидат почесто купувани.
Европскиот потрошувачки центар (CEC) со помош на студентката Лиди Толемар којашто пишувала семинарската работа на таа тема, штотуку го издаде извештајот под наслов „Програмирана дотраеност, продукт на потрошувачкото општество” во кој се заклучува дека дотраеноста на производите е намерно палнирана.
„Векот на траење на производите е пократок, за потрошувачите да бидат принудени почесто да купуваат”, се тврди во извештајот.
Најчесто станува збор за „функционална грешка” на некој прозивод, односно произведувачите правата разни апарати, како, на пример, од бела техника, на начин така што доколку откаже макар еден дел, престанува да работи , на пример, целата машина за перење облека или садови или, пак, пегла. Тоа се однесува на речиси сите електрични или електронички производи, телевизори, мобилни телефони, компјутери…
Од СЕЦ тврдат дека машините за перење облека се програмирани на само 2.000 до 2.00 перења. Имено, „бубањот” во ваквите машини се` почесто се изработува од пластика, а не од инокс, што автоматски значи дека апаратот покусо ќе трае.
„Исто така, лагерите, кои се едни од клучните делови за функционирање на машината за перење, директно се вградени во 'бубањот'. Доколку повеќе не работат, морате да го менувате целиот 'бубањ' и обратно”, се наведува во извештајот на СЕС.
Слично е и со телевизорите, кои се програмирани да работат до 20 илјади часови, а најчесто се расипува „кондензаторот”.
Посебна приказна се мобилните телефони и паметните телефони коишто, исто така, честопати имаат „функционална грешка” Доволно е да се расипе батеријата и мобилниот повеќе да не работи. Дополнителната опрема по извесно време е речиси невозможно да се набави, бидејќи повеќе и не се произведува од тој вид, а за најновите апликации потребен е и најновиот модел на смартфон.
На црната листа на потрошувачите е и iPod-oт на Apple. Поточно, iPod-ите од првата, втората и третата генерација нема батерии што се двојат, па кога батеријата по 18 месеци ќе престане да работи, треба да се купи цел нов iPod. Во САД поради тоа е покрената акцијата на потрошувачите под наслов Class Action, a Apple во меѓувреме им ја надомести штетата на своите клиенти и им предложи батерии што се заменуваат.
Полоши од порано се и принтерите, меѓутоа и автомобилите со најекстравагантни дизајни но со полоши и пократкотрајни мотори. Потрошувачите се очајни, а во меѓувреме на интернет се појавија веб страници од типот „сам свој мајстор” каде може да се види како самите може да се справите со некои грешки и проблеми со тава, автомобил, компјутер до машина за перење.
Од СЕС ја повикуваат Европската унија сериозно да се фати во костец со овој проблем и да бара законска регулатива во врска со векот на траење на некој производ. Предлог закон во таа смисла поднесе францускиот европарламентарец Жан-Винсент Палс од Европските еколози – Зелените (Europe Ecologie Les Verts).
Машината за перење облека веќе не работи по пет години, телевизорот по две, а слично е и со другите електрични и елект