Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б еко-дозвола за преработка на згурата од велешката Топилница. Имено, во процесот на консултации е вклучена консултантската куќа G-KONSULT од Скопје, којашто се поврзува со Мартина Блинкова-Дончевска, внука на генералниот Инспектор за животна средина Дарко БЛИНКОВ. Дарко Блинков, виш член на Државниот инспекторат за животна средина, се очекува да изврши инспекциски надзор во КЕПС МОНТ. Оваа фирма беше бранета од неговата внука на јавната расправа, што ја иницираше советничката група на Левица во Велес.
- Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењетоНаучниците идентификуваа механизам преку кој соединенијата во кафето можат да му помогнат… Read more: Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењето
- Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите плановиЗа Девиците, мај 2026 година носи период во кој нивната вродена прецизност… Read more: Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите планови
- Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредокЕвропа нема да се покори на побрутална иднина, но може да стане… Read more: Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредок
- Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваатТри години од злосторствата во Дубона и Мали Орашје. Во селата Дубона… Read more: Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваат
- Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален… Read more: Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!
Ваквата ситуација предизвикува загриженост поради потенцијален конфликт на интереси, како одраз на врската држава-бизнис во рамките на Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина. Надлежноста за работа на оваа компанија е во рацете на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој одби да присуствува на јавната расправа со експертите.
,,КЕПС МОНТ”, кој по втор пат бараше Б интегрирана еколошка дозвола, претходно доби дозвола од 2019 до 2023 година. Меѓутоа, во тој период беа отстранети само 0,025% од вкупно 2 милиони тони згура, а дестинацијата беше Куала Лумпур, Малезија. Новата дозвола има за цел да ги прошири активностите, вклучувајќи мелење и дробење на теренот на згура за продажба како вештачка минерална суровина. Но, отпадот содржи опасни метали како што се цинк, олово, кадмиум, бакар, арсен, индиум и талиум.
Левица остро се спротивставува на издавањето на дозволата од страна на градоначалникот Марко Колев, сметајќи дека тоа е тежок чин на непочитување на граѓаните на Велес. Иако експертската и граѓанската јавност едногласно беше против издавањето дозвола за време на јавната расправа, постои притисок да се отвори оваа еколошки чувствителна локација, која се смета за жешка еко-точка во Република Македонија.
Соопштение на политичка партија Левица
Пронајдете не на следниве мрежи:



