Велешанец е пронајден починат во својот дом

Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера бил пронајден починат во домот каде привремено престојувал, соопшти МВР.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Случајот бил пријавен вчера попладне во 17:00 часот. Увид извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: