Велигден е . Христос Воскресе- навистина Воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Православните христијани од денска  се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.
Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.
Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје  синоча пред голем број верници и граѓани се одржа Литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот и најсветлиот христијански празник .
По свеченото Објавување на Воскресението, следуваше Пасхалната Литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во сите црквки и манстири ноќеска бдееја македонските граѓани и христијани чекајќи на полноќ кога македобското свештенство ја објави веста, Хрисос Воскресна. Потоа сите присутни традиционално се кршеа со јајца, и со запалени свеќу се упатија кон своите домови, да ја споделат и слават најрадосната вест.

Пронајдете не на следниве мрежи: