Велика Британија изрази благодарност до македонската влада за поддршката во процесот на враќање на телото на екс премиерот на Шкотска Алекс Салмонд кој почина во Охрид за време на Школата за лидери на претседателот Иванов.
Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Марк Лосон му благодари на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и на целата влада.
,,Задоволни сме што г-дин Салмонд се врати дома. Нашето најдлабоко сочувство останува со неговото семејство.
Му благодариме на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и на македонската Влада за нивната поддршка да се обезбеди враќање на г-дин Салмонд во Обединетото кралство и неговото семејство”, напиша Лосон во јавната објава.
Салмонд почина минатиот викенд за време на ручек во рамки на настан од школата за млади лидери на претседателот Иванов.