Велика Британија по грешка му честитала и на Трамп

Техничка грешка довела до тоа делови од честитката на американскиот претседател Доналд Трамп да бидат видливи и во службениот твит кој британскиот премиер Борис Џонсон му го упатил на Џо Бајден, се правдал портпаролот на британската влада.
Тој рекол дека владата подготвила две различни пораки бидејќи трката за претседател на САД била многу тесна, но дека поради техничка грешка делови од втората порака се измешале во заднината на честитката за Бајден. Во вторникот интернет страната Guido Fawkes објавила фотографија на твитот откако го прилагодила контарстот и светлината на сликата. Прикажано е името на Доналд Трамп, зборот „втор мандат“ и „во иднина“ во заднината на твитот кој како честитка е упатена до Бахден.
– Како што очекувавте, двете соопштенија се подготвени однапред за исходот на овие тесни избори. Поради техничка грешка делови од втората порака вклучени се во заднината на графиката – изјавил владиниот портпарол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.