вторник, 24 ноември 2026
Најново

Велосипедист загина во сообраќајка на патот Кочани – Брана Гратче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција, информира МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Поврзани вести