Венера Латифи Азизи е именувана за портпаролка на Владата на Република Македонија.
Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 телевизија и други медиуми во земјава. Моментално е вработена во Кабинетот на градоначалникот на општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста.
Политиколог, дипломиралa на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во моментов е магистранд по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатлантските интеграции на Македонија“. Мажена, мајка на две деца.