Италијанскиот град познат по своите канали и романтичните возења низ нив, за време на осеката изгледа сосема поинаку.
Само неколку месеци после подигнувањето на нивото на морето и поплавите, венецијанските канали сега практично целосно пресушија.
Бродовите и чамците се насукани, а познатите канали сега наликуваат на ровови со кал.
Иако ова не е така ретка појава во Венеција, драстичниот пад на нивото на водата е изненадувачки, посебно откако во ноември беше регистриран највисокиот водостој во последните 50 години.
Ваквите драстични промени на високиот и нискиот водостој се поврзани со плимата и осеката, но според научниците, исто така се и директна последица на климатските промени во светот