Венеција забрани големи туристички групи и звучници




Во Венеција стапија на сила новите прописи кои забрануваат користење на преносни звучници за водичи и го ограничуваат бројот луца во една туристичка група на 25 луѓе.

Мерките беа воведени со цел да се ограничи влијанието на премногу туристи врз овој италијански град, изјавија официјални лица.
Историските области на Венеција го прават градот едно од најпосетуваните места во Европа. Градските власти на почетокот од годинава воведоа дневен билет за туристичка посета на Венеција, кој чини 5 евра, а претходно на почетокот на 2021 година забранија закотвување на огромни бродови за крстарење во самиот град.

Прекумерниот туризам долго време се смета за еден од најсериозните проблеми на овој италијански град, кој треба итно да се реши. Денеска во Венеција живеат нешто повеќе од 250.000 жители, а во 2019 година градските власти забележаа посета на повеќе од 13 милиони туристи. Иако оттогаш бројот на посетители е намален, експертите сметаат дека во годините што доаѓаат нивниот број ќе ја надмине статистиката од пред пандемијата.

Венеција долго време доживува егзодус на локалните жители кои се иселилуваат поради стравувањата дека туристите би можеле да го преплават овој историски град. Ocio, здружение на граѓани кое го следи бројот на постојани жители во градот, неодамна ги ажурираше податоците. Според нив, денеска во историскиот кварт има околу 49.000 легла за туристичка изнајмување, што е повеќе од бројката со која располага самото население.

Промените во туристичките правила уследија минатата година откако експертите на УНЕСКО предупредија дека Венеција може да се додаде на листата со загрозени места на светското културно наследство, имајќи предвид дека и влијанието на климатските промени и масовниот туризам му се закануваат на градот со неповратни промени.На крајот, сепак, тоа не се случи бидејќи УНЕСКО ги препозна напорите за решавање на проблемите со инсталирање антипоплавни системи и мерки кои овозможуваат помало влијание на масовниот туризам врз градот и врз животот на жителите.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: