Венко Филипче кажа што може да се очекува за наставата во ноември

Во ноември можеби ќе дозволиме физичко присуство во школите и на други одделенија, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.
Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор.

„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Како ќе се одрази почетокот на учебната година врз епидемиолошката состојба, се очекува да се види на крајот на октомври.
Во повеќе општини учениците се побунија против онлајн настава.
Вчера имаше 162 нови заразени, од кои најголем дел во главниот град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.