Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим

Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим, додека најсвето место за молитва во јудаизмот постепено повторно се отвора под олеснети мерки за спречување на епидемијата на коронавирусот.
Според ревидираните правила, до 300 посетители истовремено можат да пристапат до Ѕидот на плачот, со задолжително носење заштитна маска за лице.
– Верниците кои толку копнееја да ги посетат светите камења и да се молат пред нив, можат да се вратат на Ѕидот на плачот, придржувајќи се до мерките пропишани од Министерството за здравство, изјави главниот рабин на таа локација, Шмуел Рабинович.
Но, просторот за молитви, кој привлекува илјадници луѓе во екот на верските празници, сега е поделен со прегради, создавајќи привремени оддели, во кои можат да застанат до 19 верници. За еврејската молитвена пракса потребен е кворум од 10 верници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.