Верувале или не, постои КОРОНА-БУРГЕР: „Ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш“!

Во време на корона-криза, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го подигне духот кај луѓето со новиот „Корона-бургер”.
-Има една шега – ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата, вели шеф Хоанг Тунг, сопственик на пицаријата што се наоѓа во центарот на Ханој.
Хамбургерот се служи со лисја од зелен чај, при што лепчето е во облик на вирус. Ресторанот продава околу 50 „Корона-бургери” на ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.