Весел Мемеди испратил нота до властите во Италија дека старите пасоши не важат






Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името „Република Македонија”, од 12 февруари се неважечки-со ваква содржина факсмил од документ објави денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милишоски.

„Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Бујар Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“ – пишува Милошоски.
Во одговор на медиумските наводи за испратена нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација.
„По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации“, стои во соопштението на МНР.
Од МНР известија дека веќе се спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: