Македонија се уште е под шок од смртта на драматургот Горан Стефановски. Неговите колеги и пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи. Една од нашите најдобри актерки, Весна Петрушевска – Бејби, му посвети емотивна порака на Горан.
„Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, ми беше и професор и пријател.Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола:”Те сакааам!”Каков ум и каков фраер драги мои.Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија.Какво богатство ни остави …непроценливо. Моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови…Ќе недостасуваш најмногу… стварно нема смисла …..
“Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.”“, напиша Петрушевска на својот профил.