Веста дека фолк пејачот Бора Дрљача починал ја шокираше јавноста, се’ додека неговиот пријател Ера Ојданиќ не се јавил во болница…

Во српските медиуми, како бомба одекна веста дека пејачот на народна музика и ријалити учесник, Бора Дрљача, починал во болница од срцеви компликации, што се повторувале во последните седум дена.
Имено, познатиот пејач пред два месеци беше во болницата заради истите проблеми, па се чинеше дека сето тоа е само минато. Откако ја напушти болницата, тој изјави:
„Се чувствувам одлично. Излегов од болница, сè е добро. Повторно сум стариот волк, но заради коронавирусот морам да бидам дома. Порано само спиев таму. Продолжувам понатаму“ – рече тогаш Бора.


Веста за неговата смрт погоди многу луѓе од естрадата, а потоа се појави неговиот голем пријател и колега Ера Ојданиќ.
Ера ги негираше овие информации, истакнувајќи дека е во прашање ноторна лага, покренато од човек кој е опседната со животот на Бора.


„Бора се држи. Тој е жив, се наоѓа во болница. Цел ден ми се јавуваат медиумите. Плачев како дете кога ја слушнав веста. Не можев да се смирам и потоа решив и самиот да проверам и… Разговарав со него, добро е, се држи“ – ја демантираше лошата вест Ера Ојданиќ, кој се наоѓа во неговиот мотел каде работи напорно во подготовките одново да биде локалот пуштен во работа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.