Вестбрук ги растури Лејкерси

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа три средби, во дербито Оклахома го декласира ЛА Лејкерс со 122:105.

Расел Вестбрук одигра речиси перфектен натпревар, загуби само една топка, а мечот го заврши со 37 поени, 10 скока и пет асистенции. Покрај Вестбрук, кај Оклахома се истакна и најдобриот стрелец во лигата Кеви Дурент со 26 поени, девет скокови, пет асистенции и по три асистенции и украдени топки. Коби Брајант ги предводеше Лејкерси со 30 поени, додека Стив Неш имаше учинок од 20 поени. Бостон славеше во Филаделфија со 109:101. Селтикс и без повредениот Режон Рондо играат одлично, неговата замена Ејвери Бредли со  22 поени, седум скокови и пет асистенции. Ветераните Пол Пирс (18 поени, 11 скокови) и Кевин Гарнет (18 поени) дадоа целосен придонес во 12-та победа на Бостон на последните 16 натпревари. Филаделфија од друга страна се наоѓа во криза, екипата го забележа десетиот пораз на последните 12 натпревари. Против Бостон дури седум кошаркари на овој тим имаа двоцифрен учинок, најмногу кошеви, по 18 постигнаа Тадеус Јанг и Еван Тарнер. Денвер против Сакраменто ја забележа шестата победа во низа, тандемот Тај Лосон-Данило Галинари го предводеше тимот до победата од 122:113. Лосон имаше учинок од 24 поени и седум асистенции, додека Галинари постигна поен помалку. Денвер во второто полувреме постигна 70 поени. Кај Сакраменто со 32 поени се истакна Маркус Тонртон.
Макфакс
Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа три средби, во дербито Оклахома го декласира ЛА Лејкер

Пронајдете не на следниве мрежи: