Исхраната без храна од животинско потекло може да предизвика недостаток на холин, хранлива материја која е клучна за развојот на мозокот.
Нутриционистите предупредуваат дека зголемената популарност на веганските диети може да доведе до ризик од значително намалување на внесот на холин, кој главно се наоѓа во храна од животинско потекло, според написот на угледниот медицински портал BMJ Nutrition, Prevention & Health.
Холин обично се класифицира како бе-комплекс на витамини и е претходник на молекулата на невротрансмитерот ацетилхолин кој има многу функции, како што е меморијата и контролата на мускулите, особено за време на феталниот развој и исто така влијае на функцијата на црниот дроб.
Холин се произведува во црниот дроб, но оваа количина не е доволна за да ги задоволи сите потреби на човечкото тело и затоа мора да се зема со исхана.
Прехрамбениот холин првенствено се наоѓа во говедско месо, јајца, млечни производи, риби и пилешко. Помали количини може да се најдат во ореви, грав или брокула.
Д-р Ема Дербишер, консултант за исхрана и биомедицински науки, верува дека треба да се направи многу повеќе за да се едуцираат здравствените работници и потрошувачите за важноста на диетите богати со холин, особено за време на бременоста, кога неговото внесување е клучно за развој на новороденчиња .