Ветер дувал толку силно што подигнал во воздух продавач и чадор за сонце- никој не успеал да го задржи

За време на силниот удар на ветерот во турската област Кадрили, сигурносните камери на еден пазар снимиле човек кој летнал заедно со чадорот за сонце.
При невремето на во понеделникот почнало се да лета од тезгата, вклучувајќи ги и касите со пари, зеленчукот и останатите работи, но никој не очекувал дека ќе летне и продавачот.

Како што забележале камерите, Мехмет Али Ланак и уште две лица кои биле во близина, се обиделе да го задржат чадорот за сонце да не падна од ветерот.
Ветерот дувнал толку силно, што Мехмет летнал заедно со чадорот. Како што објасниле надлежните, бурата траела 10-ина минути, а Мехмет не е сериозно повреден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.