Во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми. Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се „фабрики за хартија“, па имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија.
Ова го изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма.
Според неа, истовремено менувајќи ги работите и европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и подобар одговор.
Таа смета дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и, како што кажа, „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување Копенхашките критериуми“.
-Во ЕУ треба да сте компатабилни истовремено, а не глорифицирајќи ја ЕУ. Правејќи ја догма, и истовремено менувајќи ги работите односно европеизирајќи се, ние ќе наидеме на подобар однос и на подобар одговор. Тоа што велат ако не го смениме Уставот ќе бидеме аут, колку пати ние всушност ги почнавме преговорите – прво ги отпочнавме преговорите во авион, па до почнати преговори во Солун со изјави на некогашниот премиер, па Преспански договор, дали сте за членство во ЕУ и НАТО прифаќајќи го Преспанскиот договор, тоа е илузионизам, оценува Силјановска-Давкова.
Таа смета дека со соседите треба да се разговара со аргументи.
-Кога велам јас дека треба да се разговара со соседите, со аргументи, на што мислам. Соседите треба да ги признаваат европските врендости. Дали не е европска вредност да се почитуваат пресудите од Стразбур. Каква е таа држава чиј судија суди од Стразбур, а не признава пресуди од Стразбур што важат за неа, вели Силјановска-Давкова.