Водителката во Канал 5, Јелена Спенџарска си заминува од Македонија. Таа рече дека сели во Солун кај својот дечко Лукас со кого е подолго во љубовна врска. Двојката ќе почне заедно да живее, а веста ја потврди и Јелена.
Според нејзините изјави бил направен обид да се живее и тука, но на дечкото кој е од Грција, му било ладно, па пресекле дека треба да си оди од кај нас Јелена…
„Да, вистина е дека замнувам следниот месец од Скопје и се селам кај Лукас. Ќе живееме заедно, но се уште не се мажам. Тоа си додаваат сега дека ќе се мажам заради кликови“, изјави за медиумите Спенџарска.
Таа последниот период често одеше за Солун, од каде споделуваше и фотографии. Сега јавно кажа дека одењето таму било зарди Гркот Лукас со кого е среќна.
Јелена долги години беше дел од тимот на Канал 5 и ја водеше утринската емисија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.