Вечерва кога ќе легнете, ставете ја десната рака на градната коска, а левата на стомакот – еве зошто

Со тренирањето на дишењето можеме да влијаеме на нашата емоционална состојба и да го ублажиме стресот и паничните напади, е заклучокот на истражувачите од Центарот за емпатија и истражување на алтруизмот (CCARE) на Стенфорд.
Со истражувањето биле опфатени луѓе кои тврделе дека одлично се чувствуваат и покрај фактот што секојдневно биле изложени на голем притисок. Одамна се знае дека начинот на кој дишеме влијае на нашиот мозок, но денес сè поголемо внимание им се посветува на методите со помош на кои можеме да си го олесниме секојдневието.
За време на студијата, никој од испитаниците не знаел преку начинот на кој дише да ги препознае првите симптоми на она што американските психолози го нарекуваат “burn out”, односно “согорување”.


“Краткотрајниот стрес од ден во ден влијае на телото кое станува истрошено, имунитетот слабее, а под влијание на долгорочен хроничен стрес, слабее и умот, вниманието и помнењето. Тука доаѓаме до дишењето кое нè обновува и нѝ помага да ја сочуваме енергијата за оние моменти кога менталните ресурси нѝ се најпотребни. Колку е силна врската помеѓу емоциите и дишењето најдобро ќе забележите ако започнете да го тренирате вашиот здив. Набрзо ќе почувствувате нов мир”, изјавила Ема Сепала, директорка на центарот.
Правилното дишење е особено корисно кога сте под притисок бидејќи со тоа го смирувате нервниот систем и вашиот ум полека почнува да се релаксира. Еве неколку пример на вежби од праксата на истражувачите:
Седете исправено или легнете на грб. Ставете ја десната рака на градната коска, во средината на градите, а левата рака на стомакот така што палецот треба да биде под папокот. Продолжете нормално да дишете и воочете со која рака повеќе го чувствувате воздухот кој го вдишувате и издишувате.


Потоа, концентрирајте се да дишете со свој ритам, но така што повеќе ќе го подигнувате градниот кош. По 10 до 20 вдишувања, неколку пати вдишете длабоко и издишете лесно. Потоа дишете само со стомакот, на истиот начин како што е опишано.
Направете кратка пауза, а потоа вдишете со градите, застанете на половина од вдишувањето и остатокот вдишете го така што под левата рака ќе го почувствувате подигнувањето на стомакот. Направете 10 до 20 вдишувања. Вдишувањето треба да трае подолго од издишувањето.
Обрнете внимание на тоа како се чувствувате физички, емоционално и енергетски и брзо ќе воочите напредок на секое од тие полиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.