Вечерва на овој патен правец има одрон кој предизвикува потешкотии во сообраќајот

Одрони предизвикуваат потешкотии во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Возачи посочуваат дека одроните се најизразени на еден километар пред селото Илиово во правец од Делчево кон Македонска Каменица.
– Одроните се распослани на целиот пат на споменатата делница, при што е присутна опасноста при поминување со поголема брзина. Одроните поради ноќта не се видливи и при моето поминување на оваа делница прилично го оштетив долниот дел од автомобилот, вели возач кој сообраќал од Делчево кон М.Каменица.
Од ,,Македонија пат” која е задолжена за одржување на коловозот, велат дека нивни екипи редовно го контролираат теренот, а кај споменатата делница се работи на расчистување.
– Апелираме сепак возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да се движат на овој патен правец, поради честата ваква појава, велат од ,,Македонија пат”.
Поради појава на слана, на дел од овој патен правец се вози по влажни коловози, уште повеќе според надлежните ја наметнува потребата возачите да возат внимателно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.