Вечерва нов земјотрес на територијата на Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираше дека вечерва во 22 часот и 02 минути, регистрирала земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на  50 km југозападно од Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.