Вечерва полицијата на Заев го тепаше Македонскиот народ, Мицковски молчи

Ова е невидена брука и вовед во диктатура од болшевички тип. Макеоднскиот народ вечерва беше тепан од страна на полицијата и истовремено изложен на хемиски отрови, најверојатно СОЛЗАВЕЦ. Откако огромна група на граѓани се собра во 20 часот да протестира против промената на името ситуацијата стануваше се потензична со секоја наредна минута. Полицијата имаше наредено три кордони, шмркови со вода и огромни транспортери. Голем дел од полицајците беа со пендреци во раце.
По половина час од протестите добија наредба да нападнат, ама буквално да го нападнат народот што протестираше. За ова има голем број на видеа на Фејсбук. Има и фотографии. Оваа тензија продолжи до доцниве вечерни часови. Вчудовидени сме од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој иако нападнат со гас и палки не се повлече и остана да ги брани своите ставови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.