Вечна дилема – дали јајцата го зголемуваат нивото на холестерол?

Јајцата се многу хранлива намирница и важен извор на протеини и антиоксиданси. Идеални се за секој кој сака да го зголеми внесот на протеини или да започне диета за да ги изгуби вишокот килограми.

Сепак, со години се водат дебати за потенцијалното влијание на јајцата врз здравјето на срцето, со оглед на процентот на холестерол во нив.
Едно големо јајце, со тежина од околу 50 грама, содржи 186 мг. холестерол. Содржи и околу 5 грама масти, од кои една третина се заситени. Многу се хранливи, благодарение на протеините од кои има 6 грама, кои се делат на еднакви делови и во жолчката и во белката. Тие се богати со витамини А, Б6, Б12 и селен.
Количината на холестерол во храната која е препорачана од лекарите е околу 300 мг. на ден. Тоа значи дека секој, па дури и срцевите и кардиоваскуларните пациенти, може да јаде по едно јајце на ден без никаков страв. Исто така, бидејќи холестеролот се наоѓа исклучиво во жолчката, белката можете да ја јадете без никакви грижи и ограничувања.
Мастите во исхраната можат да бидат опасни за нивото на холестерол во крвта, па затоа треба да внимавате и на начинот на кој се подготвуваат јајцата. Варените и пржените јајца се најдиететски, а омлетите се најопасни, особено ако се полни со калорични адитиви како сланина и полномасно сирење.

И истражувачите признаваат дека сè уште не се испитани сите врски помеѓу количината на јајца во исхраната и разни здравствени нарушувања. Потврдено е дека тие не влијаат на здравјето на срцето, но некои нови студии покажуваат дека, во поголеми количини, можат да бидат ризични за појава на дијабетес.
Единствено количината на едно јајце дневно е потврдена како апсолутно безбедна дури и за срцеви пациенти, но комплетното мени најдобро е да го проверите со вашиот лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.