Вечните заводници – мажи какви што има се помалку

Ретки се мажите кои со леснотија можат да ја заведат секоја жена и да направат таа да се чувствува посебна и единствена. Сепак, вештината на големите заводници не се крие само во изгледот или техниката, туку во она што личноста го носи во себе. Еве некои од најголемите мајстори на заведувањето кои се појавувале во разни периоди од историјата.

Казанова

Најголемиот љубовник на сите времиња секако е Џакомо Казанова, чие име станало синоним за заводник. Венецијанскиот авантурист, писател, шпион бил протеран од повеќето престолнини бидејќи го биел лош глас помеѓу великаните чии жени и ќерки ги заведувал, па со тоа им нанесувал срам. Неговиот метод бил прилично едноставен, пронаоѓал девојка во неволја, бил внимателен кон неа, ја извлекувал од проблеми и подарувал мал подарок и со слатки зборови ја одвлекувал во кревет. Потоа таа веќе никогаш не го гледала.

Ерол Флин

Актерот кој освојувал со својот фраерски од бил познат по разузданиот живот и испивањето на огромни количини алкохол, тепачки по барови и освојување на жени. Таквиот живот го довел до тоа во 1942 г. две малолетнички да го обвинат за силување. Ерол се извлекол на суд, а ниту неговата репутација не претрпела сериозен удар. Неговиот начин на додворување најдобро го опишува изразот “додворување како она на Ерол”.

Ирвин Меџик Џонсон

За оваа кошаркашка легенда се верува дека има спиено со повеќе од 1000 жени, иако некои тврдат дека имал и повеќе од 500 жени годишно во текот на 12 години. Освен што станал симбол на НБА лигата, станал и симбол на жртвите на вирусот сида. Џонсон е првата славна личност која јавно открила дека е ХИВ позитивна, а за тоа дознал на рутински здравствен преглед.

Вилт Чембрлен

Ако бројот на жени со кои спиел е доказ за успешноста на еден заводник, тогаш не постои подобар пример од 216 см високиот кошаркар Вилт Чембрлен. Се верува дека Вилт спиел со околу 20.000 жени. Ако се пресмета, тоа значи дека спиел со 8 жени неделно од својата 16 година па се до смртта. Бил полн со самодоверба, а кон жените се однесувал со почит. Според раскажувањата на соиграчите и новинарите во секој хотел го чекале десетина убавици, а Вилт избирал две-три најзгодни и ги носел во својата соба.

Илие Настасе

Романската тениска ѕвезда и освојувачот на два грен слема во 70-тите на луѓето најверојатно не би им останал во сеќавање да немал навистина скандалозен и раскалашен живот. Настасе имал огромен успех кај жените и така досегнал бројка од 2500 љубовници, за кои изјавил дека се како добар туш после меч. “Кратко трае и годи, но брзо и се заборава, па мора повторно да се туширате”.

Лорд Бајрон

Тој бил романтичар, замислен поет и револуционерен војник кому жените едноставно не можеле да му одолеат. Лејди Керолајн Ламб, која била една од неговите љубовници го опишала како “лудак, расипан и личност која било опасно да се познава”. Неговата најпозната поема Дон Хуан зборува за архетип на заводник кој не е виновен затоа што е заводник бидејќи едноставно не може да им одолее на жените. Баш како и неговиот автор.

Бил Вајман

Во 1965 година членовите на рок бендот Ролинг стонс пресметале дека за две години Мик Џегер спиел со 30, Кит Ричардс со 6, гитаристот Брајан Џонс со 130, а басистот Бил Вајман со дури 278 жени. “Имав по три или четири жени во една ноќ. Ќе поминеш со нив неколку часа, а потоа ќе се поздравиш” – изјавил Вајман во едно интервју.

Џек Николсон

Физичката и сексуална активност е причната за виталноста на овој актер и татко на шест деца со пет различни жени. Дури и Ким Бесинџер изјавила дека Николсон е личност со најмногу сексуална енергија. Жените ги освојувал со својот груб поглед, лесна насмевка, шарм и манијакална желба за секс.

Хулио Иглесијас

Иако е во седмата деценија од својот живот Хулио се уште е најпривлечен маж за многу жени во светот, а кога бил прашан дали имало и жени кои не паднале на неговиот шарм, Иглесијас изјавил: “Фала богу, бев одбиен многу пати. Да ме прифатеа сите, сега ќе бев покоен”. Иако признал дека бил со многу жени, секогаш истакнувал дека има само една љубов – сопругата Миранда со која е веќе 17 години и со која има пет деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.