Вештачењата на телефоните поврзани со Кочани биле предадени во Обвинителството во јуни

МВР ги вештачело мобилните телефони од кои произлегоа доказите, но и дел од пораките кои беа објавени поврзани со дискотеката во која се случи трагедијата во Кочани каде загинаа 62-ца млади луѓе.

Откако излегоа пораките во јавноста во документарецот на ИРЛ, Обвинителството соопшти дека се води предистрага за овие пораки и дека тие се малку во однос на пораките што ги има обвинителството и за кои се води предистрага за повеќе од десетина кривични дела.

Вештачењата ан телефоните биле доставени во обвинителството во јуни.

-Ве известуваме дека сите извештаи од вештачења на мобилни телефони се доставени во месец јуни 2025 година до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување и одлучување – велат од МВР за „Слободен печат“.

Во пораките кои беа објавени имаше пораки на инспектори од УЈП, инспектори на пазарен инспекторат и полициски инспектори кои најавувале акции во дискотеката и договарале подароци со синот на газдата во дискотеката. Двајцата инспектори од УЈП се суспендирани.

Пронајдете не на следниве мрежи: