OpenAI планира да ги блокира корисниците во Кина доколку сакаат да користат ChatGPT.Услугата не е официјално достапна во Кина, но корисниците и програмерите можат да пристапат до неа преку API на компанијата. Сега медиумите во Кина известуваат дека OpenAI почна да испраќа е-пошта до корисниците во Кина, што укажува на плановите да го блокира пристапот до ChatGPT од 9 јули.Иако услугите на OpenAI се достапни во повеќе од 160 земји, Кина не е меѓу нив. Според упатствата и условите за користење на компанијата, корисниците кои се обидуваат да пристапат до производите на OpenAi во неподдржани земји може да бидат блокирани или суспендирани – иако компанијата досега експлицитно не го сторила тоа.Засега не е познато зошто OpenAI се одлучи на овој потег, иако тоа се совпаѓа со притисокот што доаѓа од Вашингтон, кој се однесува на ограничувањето на кинескиот пристап до врвните технологии кои се развиваат во САД.
Пронајдете не на следниве мрежи: