Вештачката интелигенција покажала невидена самостојност: „Митос“ отворал лажни профили и мамел луѓе

Две од најмоќните алатки за вештачка интелигенција во светот создале лажни профили на луѓе за да измамат корисници при обиди за кибернапади, откри британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ).

Во најсериозниот случај, моделот „Митос“ на „Антропик“ се обидел да добие пристап до онлајн-сервис испраќајќи приватни пораки од лажни профили што имитирале вистински луѓе, па се обидел да ги сокрие трагите.

Ова следува набргу откако двете компании опфатени со тестирањето на АИСИ — „Антропик“ и „ОпенАИ“ — одделно објавија дека нивната технологија во неколку случаи хакирала или се обидела да хакира други компании.

Компаниите истакнаа дека при најновото тестирање АИСИ ги намалил или целосно ги отстранил вообичаените заштитни механизми.

АИСИ во вторникот соопшти дека моделите „Митос“ на „Антропик“ и „Сол“ на „ОпенАИ“ покажале ниво на „самостојност и измама“ какво што Институтот претходно не забележал.

Оттаму појаснија дека најголемиот дел од злонамерните активности ги извршил „Митос“.

Пронајдете не на следниве мрежи: