Вељановски: Јас заработувам од лажење!? Чудна изјава од советникот во Карпош ⬇️⬇️

Членот на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Вељановски, на говорница за време на седница на Советот рече дека тој заработува од лажење.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно го блокираше донесувањето на Буџетот на Карпош, со што предизвикаа протести на вработените во Општината и училиштата и градинките во Карпош кои протестираа се до донесувањето на Буџетот.

Вељановски беше еден од најгласните советници за време на седницата на која останатите разумни советници го изгласаа Буџетот, тој постојано бараше процедурално и даде се од себе да го спречи донесувањето на Буџетот.

Во продолжение видете што вели Вељановски, која е неговата професија.

https://www.facebook.com/reel/227672880418487
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.