Веќе се знае кога кога ќе се гласаат уставните измени

Денес собранискиот спикер, Талат Џафери по средбата со неговиот албански колега Грамоз Ручи изјави дека на 17 декември, понеделник ќе почне комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот.
Пленарната собраниска седница е закажана за 9 јануари 2019. година. Се очекува да заврши за една седмица, а на 15 јануари да се гласа за измените на Уставот. За крајното гласање повторни се 80 гласови или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.
Денес во Штип и во Тетово се одржуваат последните две јавни дебати за уставните измени, а од 17 декември започнува да тече и рокот кога партиите може да поднесуваат амандмани на амандманите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.