Откако претходно видовме колку потрошиле на кампањата Стево Пендаровски и Блерим Река сега ги имаме и податоците за третиот претседателски кандидат. Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател подржана од ВМРО-ДПМНЕ во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра, а како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај кој е објавен на веб страната на Државната изборна комисија. Овој извештај се уште не е објавен на страната на Антикорупциската комисија.Според овој извештај на сметката за кандидатката за претседател легнале донации од 250 граѓани од кои наголеми донации уплатиле потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски 3 илјади евра, пратеникот Антонио Милошоски по две ипол илјади евра, додека поранешниот градоначалник ја поддржал нејзината кандидатура со 100 илјади денари, односно 1.600 евра.


