Веќе со месеци лошо спиете? Еве како несоницата влијае на вашето тело

Експертите предупредуваат дека хроничната несоница може да предизвика депресија. Луѓето кои страдаат од несоница може да се чувствуваат слабо и беспомошно во текот на денот, а често и стануваат повлечени и нервозни.
Веќе со месеци лошо спиете? Еве како несоницата влијае на вашето тело
Дефиниција за несоница
Експертите ја дефинираат несоницата како тешко заспивање, лошо спиење или повторно заспивање при рано будење барем три ноќи неделно во период од најмалку еден месец.
Несоницата ја влошува депресијата, но и хроничната несоница може да создаде депресија. Луѓето кои имаат телесни нарушувања или оние кои моментално се под силен стрес често имаат симптоми на несоница.


После колку време станува хронично?
Проблемот се смета за хроничен ако потрае неколку месеци, па дури и една година. Првиот лек е хигиената на спиењето, што значи одржување редовен распоред на легнување во кревет. Важно е и околината во која спиете да биде удобна и релаксирана.
Тоа се претежно совети кои помагаат доколку сте дисциплинирани најмалку една или две недели. На поголемиот дел од луѓето тоа им помага при заспивањето. На оние кои нема да им помогне, се препорачуваат лекови и психотерапија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.