Ве мачи сува кашлица? Во чаша топло млеко додадете ги овие состојки, па проблемот ќе го решите „преку ноќ“

Кашлицата е грчевита контракција на мускулите која што може да се излечи со т.н. народни лекови.
Доколку во млекото додадете и малку жалфија тогаш тој проблем ќе исчезне за краток временски период, велат луѓето кои што се добро запознати со таквите методи на лечење.
Високиот процент на етерични масла кои што содржат антибактериски и антифламаторни дејства, како и големата количина фосфорна киселина, витамин Ц, Б1, П и тианин, ја прават жалфијата многу моќен сојузник во борбата со кашлицата.
Во комбнација со млеко таа дава одлични резултати, но само доколку ја подготвите вака:
Неопходно е во тенџере да ставите 250 милилитри млеко, да додадете една супена лажица жалфија и да оставите да врие на умерена температура.
Кога млекото ќе зоврие, тргнете го тенџерето од огнот. Во напитокот додадете и една лажица путер, поклопете и оставете да отстои околу 15 минути.
Напитокот процедете го и додадете една лажица мед и прстофат куркума, па сè добро промешајте.
Пијте ја оваа мешавина еден час пред да си легнете!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.