Иновациите на Google не се добро прифатени меѓу корисниците.
Google се најде на удар на корисниците поради промените воведени во популарниот Gmail сервис.
Поточно, Gmail интерфејс се менува и корисниците се сега во можност да напишат нов e-mail во прозорецот што се појавува на врвот на поштенско сандаче, за разлика од претходниот начин каде за пишувањето на нов мејл автоматски се отвора нова страница.
Google експериментираше со новиот прозорец од октомври и тврди дека овој начин на пишување на e-mail е побрз и полесен.
Сепак, многу корисници не се воодушевени, пишува Лос Анџелес Тајмс. Некои од нив го изразија своето незадоволство преку Твитер и дури се заканија дека ќе се префрлат на други e-mail сервиси, доколку ова не се поправи.
Поточно, проблемот е во тоа што текстот на новиот начин на пишување на e-mail е многу потешко да се форматира, освен ако ги знаете кратенките на тастатурата.
Сепак, и за ова постои решение: Кога ќе кликнете на “Compose”, ќе се појави икона со стрелка према надолу на долниот десен агол од прозорецот каде што постои опција “Temporarily switch back to old compose”кој ќе ве однесе назад кон класичниот изглед на Gmail.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Иновациите на Google не се добро прифатени меѓу корисниците.
Google се најде на у