Од компанијата Вибер објавија новина, која вклучува воведување на опцијата за самоуништување на пораките во сите форми на пораки, не само во „тајната“ комуникација и пораки.
Оваа опција досега беше достапна само во „тајни“ пораки! Сега пристигнува во сите други форми на комуникација, кои се достапни во рамките на апликацијата Бибер – самоуништување на пораките. Корисниците ќе имаат можност да го постават посакуваното време, по што ќе се избрише пораката, без разлика дали станува збор за видео порака, аудио или текстуална порака. Исто така, ова се однесува на размена на фотографии и видеа, но и на разни датотеки и документи.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.