Вибер ја спука со Фејсбук

Вибер ја спука со Фејсбук

Вибер како една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација, најави прекин на деловната соработка со Фејсбук.

Злоупотребата на кориснички податоци од страна на Фејсбук и неможноста да се справиме со говорот на омраза објавуван од оваа социјална мрежа ги премина сите граници, поради што се преземени соодветни мерки. Една од нив е прекин на закупот на рекламен простор за да се заштитат повеќе од милијарда корисници на Вибер.

Односите дополнително ги блоши изјавата „Фејсбук покажува слаба проценка и не умее да ја спознае својата улога во современиот свет,“ на извршниот директор на Вибер, Џамел Агауа.

Да видиме како на ова ќе одговори Фејсбук кој е под сериозен притисок во последно време. А Марк Цукерберг загуби дури 7 милијарди долари поради падот на акциите на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.