(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои не вршеле контрола, рече министерот за економија Дурмиши

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција истакна дека „министерството за економија нема надлежност да контролира и нема механизам за проверка“ на вердостојноста на издадените потврди, уверенија и решенија од останатите органи на државната управа кои се бараат при доставување на апликација за доделување на лиценца за работа на кабаре, диско клуб и диско клуб на отворено.

– Министерството за економија и труд постапувајќи по поднесеното барање ја разгледува документацијата која содржи акти и документи издадени од други институции и врз основа на истата доколку се исполнети условите е задолжително да ја даде лиценцата за работа на кабаре, диско клуб и дискоклуб на отворено, рече министерот за економија на денешната прес конференција.

Дополнително, Дурмиши истакна дека министерството за економија нема надлежност да ја проверува веродостојноста на поднесените документи издадени од други државни институции, туку е задолжено согласно Законот за угостителска дејност да ја издаде лиценцата доколку овие документи се доставени на увид заедно со барањето за издавање на лиценца за работа.

– Министерството за економија и труд не е надлежно ниту има механизам за вршење на увид, надзор или контрола врз објектот каде се врши дејноста, заклучи Дурмиши.

Министерот за економија објасни и дека одговорни за утврдување на исполнетоста на минималните-технички услови на еден објект одговорни се општината но и Државниот пазарен инспекторат кој имал обврска и морал да провери дали условите се уште се исполнуваат. Дополнително, одговорноста за проверка на веродстојноста за безбедносната состојба на објектот, министерот Дурмиши ја лоцира на правилно место – кај ОВР Кочани кои биле надлежни во целиот период да го контролираат објектот.

– Доколку во период на важноста на лиценцата МВР констатира дека кај одреден субјект се изменети, односно, не ги исполнува условите за кои е надлежен да врши контрола и надзор ќе го извести министерството за економија и труд по што министерството ќе донесе решение за одземање на веќе издадената лиценца, заклучи Бесар Дурмиши министер за економија и труд.

Дурмиши додаде и дека секој кој започнува со работа со било каква дејност, вклучително и угостителски објекти задолжително почетокот на своето работење мора да го пријават кај општината но и кај надлежните органи (инспекторат за труд, ДЗС, АХВ, УЈП) со што јасно се дава до знаење дека за нелегалната работа на овој објект знаеле и морале да знаат надлежните власти во Кочани, но не направиле ништо да го спречат работењето на овој нелегален објект.

Пронајдете не на следниве мрежи: