(Видео+Фото) Голем број кочанчани и вечерва на улица: Бараат правда за трагедијата, но и слобода за обезбедувањето на клубот Пулс!

Голем број граѓани на Кочани и вечерва се на улиците на градот, без изустен збор мирно маршираат низ централното градско подрачје барајќи правда за големата трагедија која го погоди градот кога на 16 март се запали дискотеката Пулс во која животот го загубија 59 лица.

Кочанчани бараат правда за жртвите на трагедијата, но воедно бараат и слобода за четворица свои сограѓани кои во моментот ја обезбедувале дискотеката „Пулс“ затоа што како што велат тие се вистинските херои на вечерта затоа што со голи раце и покрај пламените јазици заедно спасиле повеќе од 200-тини посетители на дискотеката „Пулс“ која се запали кобната вечер.

Напред на колоната се наоѓаа транспаренти со ликовите и имињата на Столе Боја, Мартин Горгиев ‘Пирка’, Лазар Захариев ‘Портокал’ и Ивица Грозданов кои за целиот град се херои, а не криминалци.

Овие луѓе се од првиот ден на несреќата во притвор иако имаат сериозни здравствени проблеми како резултат на вдишаниот чад како резултат на постојаната изложеност откако повеќе пати влегувале внатре во објектот во обид да спасат човек повеќе.

За разлика од нив двајцата екс градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев речиси цела недела се во домашен притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: