(Видео) Авион се урна на автопат во Њујорк: Едно лице загина

Најмалку едно лице загина откако мал авион се урна на автопат во Њујорк. Уште едно лице е тешко повредено, а итната помош се уште е на местото на настанот.

Авионско гориво се излеа на патот кој беше затворен за сообраќај во двата правци. Тоа се случи во Харисон околу 19 часот по локално време.

-Прелиминарната истрага утврди дека во авионот имало две лица, а потврдено е дека едно од нив починало. Дополнителни информации ќе бидат дадени кога ќе бидат достапни – изјави портпаролот на полицијата.

https://twitter.com/i/status/1867418325422080419

Пронајдете не на следниве мрежи: